Добра вест: Фондот одобри - малата Тамара ќе се лекува во Турција
Малата Тамара Димовска ќе се лекува во Турција. Девојчето со серизни проблеми со рбетот ќе добие лекување во странство, информираше денеска Фондот за здравствено осигурување
„Фондот за здравствено осигурување би сакал да ја информира јавноста во врска со барањето за лекување во странство на осигуреното лице Т.Д. Комисиите за лекување во странство при ФЗОМ донесоа позитвно решение и осигуреното лице Т.Д. ќе биде испратено на лекување во реномирана болница, во Република Турција на товар на ФЗОМ.“ - стои во соопштението на ФЗОМ
Моменталното искривување на ‘рбетот кај Тамара е 80%, што е само 20% од доведување до траен инвалидитет. Левата нога на Тамара е за десетина сантиметри пониска, а според кажувањето на докторите таа веќе има изгубено педесет сантиметри во висината.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа