Поранешен француски градоначалник осуден за небрежност од поплави во градот

 

 

 

Поранешниот градоначлник на францускиот град Ла Фот-сур-Мер во Ванде, каде во 2010 година загинаа 29 лица во поплавите предизвикани од бурата „Ксинтија“, е осуден на четири години затвор за убиство од небрежност..

Покрај градоначалникот Рене Маратје, на две години затвор е осудена и поранешната помошничка градоначалничка задолжена за урбанизам Франсоаз Бабан, додека нејизниот син Филип Бабан заработи 18 месеци затвор.

Судот од Сабл д’Олон оцени дека поранешниот градоначалник и неговата помошничка „совршено ги знаеле ризиците од поплави на ова место кое се наоѓа веднаш до океанот, но намерно ги игнорирале’за да не је попречат заработувачката од урбанизацијата“.

Во невремето од 2010, животите ги загубија 29 лица, а тие што прижевеаа не добија дозвола да се вратат во нивните домови поради опасност од нови поплави.

 

 

Оцени ја веста

12.12.2014 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега