Саша открива како е да се биде брат на Жељко Јоксимовиќ

 

-„Секогаш сум етикетиран како братот на Жељко, но горд сум на него“, изјави актерот Саша Јоксимовиќ.

Помладиот брат на Жељко Јоксимовиќ проговори за односот со брата си.

 

- Не постои новинар кој не ми поставил прашање врзано за Жељко, што веројатно е и нормално. Сепак тој е Жељко Јоксимовиќ, најголемата ѕвезда на Балканот. Нормално дека нас – членовите на неговото семејство секогаш ќе не „етикетираат“ како брат, татко, мајка…

-Тој е огромна ѕвезда и најдобар во се што работи, па не ми смета таа споредба. Можеби еден ден тоа ќе се промени, но навистина не ми смета, секој би сакал да биде брат на Жељко.

 

 

 

Оцени ја веста

12.12.2014 - 11:37
Фото: 
вистина.мк

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега