„Облечен човек“- промоција на новата книга на Игор Џамбазов

 

Новата книга на Игор Џамбазов излегува од печат на 15-ти декември.

Омилениот шоумен кој ја освои публиката со своите претходни романи (Гол човек,Упатство за анти антиалкохоличари, Приказни од Мјаукедонија) и овој пат ветува одличен материјал за читање. 250 страници фасцинантно, забавно четиво полно со хумор, куп комични пресврти и неверојатни ситуации, пикантерии, интриги и најмногу од сè – искреност. И сето тоа зачинето со неповторливиот, за Игор толку препознатлив, стил на раскажување.

Пред читателите ќе се најдат десет раскази. Десет човечки, топли приказни. Десет парчиња од мозаикот, десет фрагменти од авантурата наречена живот. А кога Игор има за раскажување, има што да се прочита.

Во оваа своја мала збирка на ретроспекции на луѓе и настани, кои неповратно го одбележуваат неговото постоење и го прават она што е, Џамбазов прави еден вид книжевен албум. Настаните од детството, љубовите, пријателствата, не само што вреди да се запаметат туку и да се споделат. Затоа што нивната важност е многу повеќе од само лична.

Игор пишува така како што живее – максимално искрено и отворено, од дното на душата. Без затскривања и разубавувања. Без горчина и обвинување. Со детска ведрина и со огромна верба во луѓето. Дури и кога нè повредуваат.

Промоцијата на романот „Облечен човек“ ќе се одржи во понеделник во кафе-барот Форца, од 19 часот.

Уметноста на живеењето е во живеењето, пријателе мој

 

(Игор Џамбазов, „Облечен човек“)

 

 

Оцени ја веста

12.12.2014 - 11:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега