Ја силувал ќерката, па ја заклал сопругата- грозоморно злосторство го потресе Балканот

Уште еден хорор го потресе Балканот. 45-годишниот Габор Л. со кујнски нож ја заклал својата сопруга Андреја Л.(40) во нивната семејна куќа.

Семејната трагедија се случила претпладнево околу 11.30 часот во Чока.

Инаку, Габор пред година дена излегол од затвор каде издржувал затворска казна во траење од 4,5 години, поради обљуба на малолетно лице, односно неговата ќерка.

Додека бил во затворот, жената разочарана од тоа што и се случило на ќерката го продала целиот нивни капитал. Откако излегол од затвор само се карале за тоа и во саботата ја претепал и и нанел тешки телесни повреди.

Меѓутоа по сослушувањето во полицијата, обвинителот не можел поради штрајкот на адвокатите да бара притвор за него.

 

 

Оцени ја веста

12.12.2014 - 10:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега