Излекуван последниот пациент со ебола
Последниот заразен пациент со ебола во Мали се излекува и е пуштен од болница, со што во земјата повеќе нема случаи на заболени од оваа болест, објави Министерството за здравство на земјата.
Во Мали од ебола досега животот го загубија шест лица.
Најтешката епидемија на ебола досега однесе 6.533 жртви, а најсериозно погодени се Сиера Леоне, Либерија и Гвинеја, покажуваат податоците на Светската здравствена организација
Оцени ја веста
12.12.2014 - 09:32
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа