Неда Украден направи голем скандал во ТЛЗП
Како музичкото шоу „Твоето лице звучи познато“ се приближува до крајот, продукцијата почна да ги доделува имитациите кои ќе се изведуваат во полуфиналето, поради што Неда Украден направи скандал.
Таа направи скандал кога разбра дека во полуфиналето доби да го имитира Павароти, така што почна да беснее и да вика. Исто така се закануваше дека ќе го напушти шоуто ако не и доделат некој секси улога.
-Неда извлече во полуфиналето да го имитира оперскиот пејач Павароти. Таа во миг почна да вика, прашуваше дали намерно и даваат машки улоги и така ја саботираат. Велеше дека не сака веќе да биде во машки улоги, и дека и е доста да глуми колеги. Долго време се расправаше со продукцијата, заканувајќи се дека ако не ја сменат улогата, таа ќе го напушти шоуто, а тие нека и објаснуваат на медиумите и на публиката зошто тоа се случило. Викаше: Не сакам бре веќе да бидам Шабан, Павароти, сакам да бидам, на пример Мадона. Баш беше лута. Остави продуцентите да размислат и да видат што ќе направат во врска со тоа – рече извор за српски Ало.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа