Бренан: Невозможно е да се утврди резултат од методите на ЦИА

 

 

Директорот на ЦИА, Џон Бренан, изјави дека не може да каже дали суровите методи на распит на осомничените лица за тероризам довеле до обезбедување важни информации, што не можеле да се добијат на друг начин, соопштија американските медиуми.

Сенатот на САД, во извештајот што го објави неделава, соопшти дека примената на методи кон приведените лица од страна на ЦИА не довеле до добивање на решавачки, животно битни разузнавачки податоци.

Бренан, на прес конференција, кажа дека распитите обезбедиле вредни информации. 

Тој, меѓутоа, призна дека е невозможно да се знае дали приведените лица дале некакви изјави заради користење на сурови методи.

Според него, причинско-последичната врска е „непозната и невозможна за утврдување“.

Бренан не кажа дали некои од методите за распит ги смета за мачење, забележаа американските медиуми.

Според него, при распитите на осомничените лица за тероризам ЦИА се водела од стремежот да ја обезбеди безбедноста на САД и на целиот свет, посочува ТАСС.

Тој кажа дека по атентатите од 11 септември 2001 година ЦИА „многу работи направила како што треба“, кога „немало лесни одговори“

 

 

Оцени ја веста

12.12.2014 - 09:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега