Менуваат се, но едно не: Заколнатите русокоси од македонската естрада

 

 

Верче Пандиловска, Даниела Темелковска, Марјана Станојковска, Викторија Лоба, Татјана Стефановска и Маја Вукиќевиќ со години се дел од друштвото на заколнати блондинки на нашата естрада, пишува Вечер.Screenshot_1

Игнорирајќи ги сите вицови некои наши естрадни дами се заколнати русокоси. Верче Пандиловска, Даниела Темелковска, Марјана Станојковска, Викторија Лоба, Татјана Стефановска и Маја Вукиќевиќ со години се дел од друштвото на естрадни блондинки.

Можеби понекогаш направиле мал испад, но сепак русата коса е нивниот заштитен знак. Сепак на домашната сцена има уште многу други дами на кои долга низа години светлите нијанси на коса им биле единствениот избор, пишува Вечер.

Е сега зошто е тоа така – можеби затоа што на Балканот важи машкото право дека блондинка си е блондинка. А многу мажи се држат до она – сакам русо, па макар и фарбано.

Од ерата на Мерилин Мондро и нејзините филм „Мажите повеќе сакаат русокоси“, па до Парис Хилтон за русокосите владеат двојни стандарди, односно дека се мега секси, дека знаат одлично да се забавуваат, дека се послободни, но не се баш паметни.

Но научниците докажале дека ова тврдење не е точно, односно низата студии на оваа тема само посочиле дека хидрогенот што го користат бојадисаните русокоси не влијае на мозокот.

Сепак и покрај предрасудите вие драги дами продолжете да ги негувате вашите светли коси бидејќи со нив каде и да се појавите нема да поминете незабележано.

Татјана Стефановска е една од купот русокоси фолкерки. Таа покрај на нијансата на својата коса е горда и на својот задник и тешко и е да издвои што и е помило.

Screenshot_2

Верица Пандиловска кај себе смени многу работи, но не и бојата на косата.

Screenshot_3

Викторија Лоба од првото појавување на сцената, па до денес му остана верна на барби имиџот.

Screenshot_4

Марјана Станојковска покрај по бујните облини, сон на секој маж, позната е и по долгата руса коса.

Screenshot_5

Маја Вукиќевиќ само еднаш беше црна, но во спот и со перика.

Screenshot_6

Даниела Темелковска кусите здолништа и русата коса не ги менува за ништо на светот.

Screenshot_7

 

 

Оцени ја веста

11.12.2014 - 20:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега