Груевски оствари средба со високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ

 

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски оствари средба со Астрид Торс, Висок комесар за национални малцинства на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

Соговорниците дадоа позитивна оценка за досегашната соработка и истакнаа заложби за нејзино унапредување и во иднина во сферите од заеднички интерес, се вели во соопштениот од владината пи-ар служба.

На средбата станало збор за имплементацијата на Стратегијата за интегрирано образование, при што беше истакната заедничката посветеност за спроведување на мерките и активностите кои се содржани во неа.

gruevski-sredba500

-Премиерот Груевски ја запозна соговорничката со реформите кои се спроведуваат за унапредување на стандардите во повеќе општествени сфери и состојбите во насока на унапредување на довербата помеѓу етничките заедници, се вели во соопштението.

Торс ја истакнала посветеноста на ОБСЕ во остварувањето на соработка во областа на реформите и давањето придонес за напредокот на Република Македонија.

sredba500

Соговорниците разговарале и за имплементацијата на Охридскиот рамковен договор на централно и на локално ниво и неговото значење за унапредување на општествените сфери.

На средбата се разговарало и за активностите за континуираното унапредување на добрососедските односи и регионалната соработка.

 

 

Оцени ја веста

11.12.2014 - 19:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега