ФИНКИ демантира дека го отфрлиле предлогот за државен испит

 

Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ) реагира на објавите во некои медиуми дека Факултетот го отфрлил предлогот на Министерството за образование за воведување државен испит во високото образование.

-Имено, ја информираме јавноста дека Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ) се уште нема одржано седница на деканската управа на која ќе биде расправано по однос на предлогот за воведување на државен испит, па оттаму изнесениот став во дел од медиумите не може да биде и не е официјален став на Факултетот. Оттаму, апелираме од воздржување за изнесување на поеинечни ставови и нивно претставување како официјален став на целиот колектив на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ), стои во реакцијата од Проф. д-р Димитар Трајанов, Декан на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство.

 

 

Оцени ја веста

11.12.2014 - 19:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега