Магла со видливост до 20 метри на Крак – Маврово
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по на места влажни коловози, но магла со видливост до 20 метри има на потегот Крак – Маврово, соопшти „Македонија пат“.
Во клисурите и усеците е можна појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово и Катланово – Велес.
На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно возење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Оцени ја веста
11.12.2014 - 18:43
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа