Почеток на студената војна и аналогија на СФРЈ 91 - Британија и Грција создадоа граѓанска војна заради Сталин
„Се уште гледам прилично јасно, не сум заброавил“, вели Титос Патрикос.
„Полицијата во Атина пукаше во толпата од кровот на парламентот. Младите момци и девојки лежеа во локви крв, додека останатите трчаа низ скалите во целосен шок и паника“.
„Тогаш скокнав на фонтаната, која до ден денес стои таму и почнав да викам: „Другари не заминувајте! Победата ќе биде наша! Не си одите. Ние ќе победиме!
„Бев уверен дека ќе победиме“, вели тој денеска. Но, тој ден не донесе победа, а државата која неколку недели претходно се ослободи од Хитлеровиот Рајх, сега забрзано тонеше во крвава граѓанска војна. (аналогија со Југославија 1991)
Патрикос (86) сеуште се сеќава на секоја сцена и секој куршум кој бил испален тој кобен крвав 3 декември 1944 година.
Пред точно 70 години Британците, кои сеуште војувале со Германија, отворија оган на цивилите кои учествуваа во поддршката на партизаните, со кои Британците биле во сојуз три години.
Толпата го несеа, грчкото, американското, британското и советското знаме и извикуваа „Да живее Черчил, да живее Рузвелт, да живее Сталин“, одобрувајќи го сојузот.
Дваесет и осум цивили, воглавно момчиња и девојки биле убиени, додека повеќе од стотина беа повредени. „Никој не очекуваше крвопролевање“, изјави Патрикос.
Британската логика била брутална: Премиерот Винстон Черчил проценил дека влијанието на комунистичката партија во оквирот движења кој го поддржа низ војната – Националниот либерален фронт – порасна повеќе отколку што се надевал, доволно да пропадне неговиот план да го врати грчкиот крал на власт. Така неговата војска ги поддржа Хитлеровите поддржувачи.
Тие денови имало уште многумина како Патрикиос, кои набрзо станаа истакнати членови на левицата. Микис Теодоракис, прочуената икона на модерната грчка историја, го измачка грчкото знаме со крвта а оние кои го запалија. Тој како и Патрикиос беше член на отпорот и знаеше дека неговата држава се променила. Наскоро сојузничките авиони го нападнаа упориштето на левиачрите, и ја започнаа Атинската битка, во Грчка, позната уште и како Декемвриана, во која Британците и нацистите се бореа против партизаните.
Така Грчка западна во катастрофална граѓанска војна
Главниот историчар за овој период Андре Геролиматос наведува како со востанието во 1944 година и граѓанската војна која траела од 1946 до 1949 година во Грција ниту во минатото ниту во сегашноста не дошло до промени. Во Франција или Италија, ако сте се бореле против нацистите, ќе сте биле почитувани во друтвото по војната, независно од идеологијата. Во Грција луѓето биле мачени од страна на оние кои соработувале со нацистите по наредба на Британците. Тој злочин никогаш не е проценет, а многу од тоа што сега се случува во Грција е последица на нерасчистено минато.
Пред војната, Грција владела со кралската диктатура, чиј симбол фашистичката секира и круна ја претставувало дихотомија чија војна ја почнал: диктаторот, генерал Јоанис Метаксас, кој тренирал во Германското царство за воени чиновници, додека грчкиот крал Џорџ Втори, вујко на принцот Филип, војводата од Единбург – бил приврзан со Велика Британија. Грчката левица во меѓувреме го засили приливот на исполитизирани бунтовници и либерални интелектуалци од Анадолија во Пиреус и Атина.
И диктаторот и кралот биле воено антикомунистичко настроени, а Метаксас забранил комунистичка партија ККЕ, мачејќи ги нивните членови, следбеници и сите останати кои не ја прифатиле „националната идеологија“ во логорите и затворите, или едноставно само ги протерувале. Кога војната почнала, Метаксас го одбил ултиматумот на Мусолини да се предаде и се заколнал на лојалност кон агло-грчкиот сојуз. Грците храбро се бореле и ги победиле Италијанит, но не можеле да оддолеат на нападите кај Вехрмачт. До крајот на април 1941 година, силите на оската извеле окупација на државата. Грците пружале отпор, на почетокот спонтано, а подоцна и со организирани собири.
Десничарите и монархистите не успеале да дадат отпор и не биле голема закана
Британските природни сојузници биле со ЕАМ – сојузот на левичарски и аграрни партии меѓу кои и ККЕ доминирала и ЕЛАС, нивната партизанска десна рака.
Нема претерување во тврдењата дека окупацијата била ужасна. Во книгата на професроот Марк Макауера „Внатрешна Хитлерова Грчка“, се опишани блоковите кои се вмешале во останатите на улицата така да маскирани онформери би можеле да укажат на следбениците на ЕЛАС Гестапо и Батаљоните на сигурност – кои се воспоставени од страна на колаборационистичката власт за да им помогнат на нацистите.
Соблекувањето и силувањето на жените бил сигурен начин за осигурување на „признавањето“. Телата виселе на дрва во јавностм додека Батаљоните на сигурност ги чувале да некој не ги отстрани. Како одговор ЕЛАС покренал противнапад на Германците, и нивните соработници. Покретот на партизани се родил во Атина, а се наоѓал во селата, така што Грчка прогресивно се ослободувала од селата.
До есента 1944 година, Грчка била девастирана со окупација и глад. Пола милон луѓе умреле (7% од жителите). ЕЛАС ослободил десетина села и ставил под контрола некои делови од земјата додека службената држава се распаѓала. По повлекувањето на Германците, ЕЛАС одржал 50.000 невооружени партизани надвор од престолнината и ги ставил своите луѓе под команда на генералот – пополковник Роналд Скоби.
Германците на 12 октомври се евакуирале од Атина. Некои борци на ЕЛАС цело време се наоѓале во престолнината и ја славеле победата меѓу ослободувачите од Гермацнијте и доаѓањето на Британиците. Еден од партизаните се уште е жив и има 92 години и е легенда во модерната Грција.
Глезос е човек кој на 30 мај 1941 година се качил на Акропол со уште еден партизан и го симнал знамето со свастика кое таму виселе месец дена. Во 1942 година бил фатен од Гестапо, поради што бил мачен и притоа заболел од туберколоза. Успеал да побегне и повторно е фатен два пати, втор пат од страна на колаборационистите. Се присетува дека го осудиле на смрт во мај 1944 година, пред Германците да ја напушта Атина. Сепак успеал да избега од самицата.
Тој денеска е икона на грчката левица. „Англичаните и денеска сметаат дека ја ослободиле Грција и ја спасителе од комунизмот. Но всушност тоа никогаш не го направиле. Грција е ослободена благодарениа на движењето на отпорот“, вели тој.
Британците стигнале на 18 октомври поставиле привремена влада под Георгиос Папандреу и почнале со подготовките да го вратат кралот. „Ги поздравиле како сојузници. Немавме поим дека во тој момент сме се одрекле од државата и своите права“.
Официјалното размислување на Британците е прикажано низ воените документи. Постои дури и таен меморандум кој Черчил го испратил до Русвел и во кој напишал дека се плаши од комунистички екстремисти кои се обидуваат да го завземат градот кога Германците ќе ја напуштат државата.
Но, она што борците за слобода го сакале, била држава која ќе владее со народот. Во ноември Британците почнале со ослободување на колаборационистите и членовите на баталијонот на сигурноста и спречување на ширење на комунизмот.
Тие точно знаеле што работат.
Тогаш се појавил Договорот кој го направиле Черчил и советскиот комесар Јосип Сталин на конференцијата на Толстој во Москва на 9 октомври 1944 година. Југоисточна Европа по тој договор е поделена на „сфера на влијание“ при шо Сталин ја зема Романија и Бугарија, додека Велика Британија ја превзема Грчка како би ги држела Русите подалеку од Медитеранот. Следниот логичен потег бил заменување на ЕЛАС во грчката војска, но Британците и грчката власт тоа не го направиле затоа што Черчил сакал судир со ККЕ за да го врати кралот. Черчил верувал дека на тој начин ќе ги врати легитимноста и редот.
Грчките комунисти се одлучиле да не ја превземат државата бар не до крајот на ноември и почетокот на делември 1944 година. ККЕ сакале да бидат дел од средишната власт. Да сакаа револуција, би ги довеле оние 50.000 луѓе.
Регрутирале колаборационисти, Британците ја променија парадигмата, го означија враќањето на стариот ред. Черчил сакал конфликт“, вели Геролиматос.
Недела утрото на 3 декември било сончев ден, додека грчките републиканци, антимонархисти, социјалисти и комунисти маршираа кон Синтагма. Полициските кордони им го блокирале патот, но неколку илјади се пробиле. Како се приближувале човек во униформа извика „Пукајте во ѓубрето“. Смртоносниот оган од зградата на парламентот и британскиот стожер траел половина час. До пладнето до пазарот стигнала втората толпа на демонстранти додека на пазарот имало околу 60.000 луѓе. По неколку часа, британските падобранци го расчистиле цел пазар.
Борбата за Атина почна, а Черчил ја доби својата војна
Манолис Глезос бил болен тоа утро. Го совладала туберколозата, но кога слушнал што се случило веднаш станал од креветот.
„Тие рабо би користеле своја војска како би се бореле против нас отколку против нацистите“, изјавил тој. „Беше тешко да се пука во нив, а сепак Британците неодамна беа наши сојузници, а сега воде авојна против нашиот народ“.
Британците дури и поставија и снајпери на Акропол, „Тоа дури ни Германците не го правеа“. Пукаа на метите на ЕАМ, но не им возвраќавме за да не го оштетиме споменикот.
Генералот полковник Скоби воведе воен закон и наложи бомбардирање на четврт Метз.
Патрикиос викаше „Ние сме браќа и нема што да делиме, дојдете со нас!“, во надеж дека Британците ќе се повлечат, но да Евангелос Гоуфас не се повлече доле, куршумот насочен во негов правец би го убил.
„Сега ќе ви кажам нешто што никогаш претходно не сум го рекол на никого“, изјавил Манолис Глезос. На 25 декември се одлучил на неверојатна лудост, да постави повеќе тони динамит под хотелот Гранд Бретањ, каде генералот – потполковник Скоби формирал стожер.
„Ја чекавме детонацијата, чекавме и чекавме, а експлозија немаше. Тогаш дознав дека ЕАМ открил дека Черчил се наоѓа во зградата и дека нападот е откажан.
На 1000 луѓе беа убиени за Декемвриане, 12,000 левичари се испратени во логори на Блискиот исток. Примерјето е потпишано на 12 февруари, а потоа почна и поглавјето на грчката историја позната како „Белиот терор“.
Патрикиос не спаѓа во луѓето кои сакаат да минатото влијае на сегашноста, но токму тоа се случи во Грција. Тој минал цела година во концетрациските логори.
„Минав шест месеци на Макронисос, кршејќи камења, берејќи компири и носење песок. Во една прилика морав да стојам 24 часа откако е откриено дека весниците објавија писмо кое ги опиша запрепастувачките услови во логорот. Иако јас го напишав писмото и го испратив на мајка ми, никогаш не признав дека тоа е направено.
Патрикос дури имал и среќа. Над 1000 беа погубени, обично во јавноста. Нивните глави и тела кои виселе рутински се прикажани на јавни места.
За човекот кој заповедал со „Британска полициска мисија“ во Грција е малку познато. Сер Черлс Викхам бил поставен за да ги надгледува грчките сигурносни сили и да ги регрутира колоборационаистите.
На него му се припишува воспоставувањето на едно од најозлогласените логори, Гијарос, во кој затворениците се мачени и убивани.
Пред да заврши во Грција, тој се борел во Русија во 1918 година, а по Грчка завршил во Палестина во 1948 година.
Грчките академици имаат различни мислења за тоа на кој начин Викхам бил одговорен за воспоставувањето на логорот и мачениците. Панургија смета дека логорот на Гијарос е основан на иницијатива на Викхам. Геролиматос, пак, вели дека Грците не им биле потребни на Британците за воспоставување на логор.
До септември 1947 година кога биле забранети комунистите, 19620 левичари се наоѓале на во грчките логори и затворите, со 12,000 Макронисосу, а се проценува дека уште 39,948 се наоѓале во британските логори на Блискиот исток.
Затворениците се деца одземени додека не признале дека се Бугарки или кур*и. Системот на каење со Макронисос имал за цел да создаде патриоти кои би и служеле на својата татковина.
Манилос Глезос пак има своја приказна. Тој напиша книга за окупацијата и ја претстави репродукцијата на последните пораки од својот брак Никос. Никос го убиле колаборационистите месец дена пред да Германците ја напуштат Грција.
Никаде на друго место во новоослободителна Европа, нацистичките симпатизери не успеаа да се пробијат во структурата на државата толку ефективно.
Оживувањето на неофашизмот во облик на денешната десничарска Златна зора има врска со неуспехот да државата се прочисти од десничарските екстремисти. Многу следбеници на Златна зора се потомци на Батаљонистите.
Глезос му е жал што луѓето кои го убиле неговиот брат никогаш не се казнети, а да истите тие луѓе сега се на власт. Глезос со години создавал книги во чест на својот брат. „Приказната за мојот брат е приказна за Грчка“, вели тој.
Почеток на ладната војна и аналогија на Југославија 1991: Британија и Грчка 1944 предизвикаа граѓанска војна да го спречат влијанието на Сталин
„Убивавме“, призна Глезос, „но целта не ни беше да убиваме цивили“
Грчкиот премиер Константинос Галдарис во 1946 година соочен со можноста да се повлечат Британците, го посети Вашингтон да бара помош од Американците. Како одговор Стејт Департменттот формирал план за воена интервенција која во 1947 година стана основа на Трумановата доктрина – интервенирање против комунизмот кој се смета за закана,
Глезос се уште се вика комунист. Но, исто како и Патрикиос, кој не верувал во сталинизмот, верувал дека комунизмот во Грција би бил катастрофа. Тој смета дека Сталин е причината за падот на Грција, затоа што ја предал државата на Англичаните.
Патрикиос подоцна сватил што всушност се случило, кога западот не интервенирал за време на состанокот во Будимпешта. Сватил дека Декемвриана не бил локален конфликт, туку почеток на Ладнава војна која прво почна како топла во Грција.
„Целата работа се случи залудно“, изјави Геролиматос.
„Ништо од тоа не би се случило да Черчил не сакал да го врати крајот. Последна работа која Грците ја сакаа е враќањето на монархијата која ја поддржуваа нацистичките колаборационисти. Грција и денеска ги носи сериозните лузни поради тоа“.
„Иако Грција е ослободена, нацистичките колаборационисти ја добија војната, благодарение на Британците“, изјавил Глезос.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа