Монструм - живеел со мртва жена само заради социјалната помош
Едно 49-годишно лице живеело цела една година со мртва жена за да може да ја користи нејзината социјална помош. Тоа било откриено вчера од полицијата во Монт-де Марсан, пренесува дописникот на МИА од Париз.
Необичното откритие од полицијата било направено откако една жена судски извршител побарала помош од полицијата за наплата на кирија за станот на 58-годишна жена коа е на боледување веќе неколку години.
Вратата на станот им ја отврои 49-годишен маж, кој се претставил како придружник кој се обидел да го скрие отсуството на неговата придружничка. Но, извршителката со полицијата успеале да ги поминат двете запечатени врати кои воделе кон спалната, каде на креветот лежело телото на жената.
Нејзиниот придружник е притворен и на истражните органи им објаснил дека ја нашол неговата придружничка почината од природна смрт во ноември 2013. Тој не ја пријавил смртта за да може да ја добива и понатаму социјалната помош на починатата.
Ова невработено лице, на тој начин добивало околу 1900 евра месечно. Телото на почината е предадено во болницата во Бордо, каде треба да се утврдат причините за смртта.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа