Вака Лепа Брена прослави 23 години брак
Изминатиот викенд познатиот брачен пар Живојиновиќ ја прослави 23-тата годишнина од својот брак, а Боба се потруди на својата сопруга да и приреди изненадување.
После снимањето на една емисија, фолк пејачката пристигнала дома и не ни очекувала што ќе најде. Нејзиниот сопруг одлучил да ја задоволи на секој начин. Покрај цвеќе, Брена ја чекала вечера и омилениот шампањ.
Нивниот помлад син Виктор присуствувал на изненадувањето и поради тоа имаше коментари дека тој ја расипал романтиката на своите родители, на што Брена изјави:
- Камин, удобна облека и Виктор со нас… Им се јавивме на децата преку Скајп и заедно се смеевме. А бидејќи веќе е нова работна седмица сега повторно сме концентрирани на работните обврски. Поголемо славење ќе има кога ќе имаме помалку обврски.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа