Драгана Мирковиќ ја расплака Емина Јаховиќ- еве што се случило
Поп пејачката Емина Јаховиќ вчера вечер го промовираше спотот за новата песна „Не плашим се“ која е посветена на жените жртви на семејното насилство.
Емина во таа пригода многу ја изненади колешката Драгана Мирковиќ која директно од Виена долета за да и пружи поддршка. Кога Емина ја здогледа почна да плаче од среќа, бидејќи не го очекуваше нејзиното доаѓање.
Новата песна на пејачката е наменета на сите жени кои на кој било начин трпат насилство.
Емина беше среќна што на промоцијата се појавиja Јована и Жељко Јоксимовиќ, Сергеј Ќетковиќ, популарната Пинк ѕвездичка Анастасија Рилак, која со нејзината песна „И да могу“ продолжува да се искачува на натпреварувањето во детската шоу програма, како и многу други.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа