Снеже Велков: Да имав големи гради, никој немаше да ми ги забележи сините очи

Ангелскиот поглед, виткиот стас и ненаметливата појава, прават водителката Снеже Велков, публиката одлично да ја прифати. До успехот не се доаѓа преку ноќ, својата кариера Снеже внимателно ја градеше низ годините, секогаш фокусирана на рејтингот на проектите на кои напорно работеше:„Бекстејџ“ „Х-фактор“, „Твоето лице звучи познато“, сега квизот „Без поени“ ….

Снеже дали можеби стравуваш дека сега по ова што го водиш квизот „Без поени“, ќе има опасност да почнат да те препознаваат по квизовите, и како воопшто влета во таа тв-приказна?

– Проектите доаѓаат и заминуваат, вкусот на публиката се менува со текот на времето па нормално е да се менуваат и проектите и водителските анганжмани. Најдобро е кога водителот каде и да се појави е препознатлив по својата оргиналност, по својот начин на водење по својт стил па така проектите би биле само предизвик да се совлада нешто ново и поинакво. Квизот „Без поени“ веќе 10 сезони е топ квиз шоу на ББС и мене ми е чест што сум дел од ваков голем проект. Всушност, квизов е од истата продуцентска куќа на популарните: Големиот Брат, Твоето лице звучи познато, Се или нешто…

Што најмногу ти пречи кај колешките-водителки?

– Тоа што ми пречи кај нив, се трудам да го избегнам кај себе… па така да учам од туѓите грешки да бидам мудра…

Постои ли помеѓу вас водителите завист, суета, љубомора, сплеткарења…?

– За жал, постои!

Очигледно со време учесниците во шоуто се опуштаат, па и Елена не е веќе „толку срамежлива и тивка“ , беше секси Севе, го тресеше задникот во стилот на Џеј Ло, а сега и како нашата Есма…

– На секого му треба време за да се снајде во средината во која е ставен. Елена почна со провокативна задача издржа како голем професионалец. На сите критики цврсто стоеше на земја и не летна во воздух кога и ги дадоа најголемите комплименти. Елена го чекори патот по кој одат ѕвездите… Мудро и одмерено…

Вадење на валканите алишта не е твој стил, но на поранешната колешка од Бекстејџ, Миа која дрско проба да ти одржи час по лингвистика (СелЕн наместо СелИн) културно и го возврати ударот….

– Тоа е затворен случај!!!

…ПОВЕЌЕ ВО ПЕЧАТЕНОТО ИЗДАНИЕ НА МАГАЗИНОТ “СВЕТ“..

Извор: Курир

 

 

Оцени ја веста

11.12.2014 - 16:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега