Котевски: Граѓаните оштетени од лихвари да се охрабрат и да пријават
Дваесетина луксузни автомобили запленети од лихварите уапсени во акцијата „Чекан“ во текот на вчерашниот ден беа префрлени во МВР.
-Станува збор за пролично луксузен возен парк. Меѓу автомобилите кои вчера беа запленети има еден Хамер, пет возила БМВ, две возила Ауди А6 и Ауди А4, Мини купер и други возила кои се скапи. Ќе се утврдува потеклото на парите и истите доколку немаат доказ ќе бидат конфискувани од страна на државата во натамошната постапка. Се проверува дали лицата располагале и со друг движен имот бидејќи постои информација дека во нивна сопственост биле и други возила кои можно е во меѓувреме да ги дале на користење на други лица, вели помошник министерот за односи со јавност Иво Котевски.
Во текот на вчерашниот ден сите 15-приведени биле изведени пред суд, на 10 од нив им бил одреден 30 дневен притвор. Истата мерка во отсуство им е одредена и на четворицата осомничени кои се во бегство.
Потрагата по првоосомничениот и останатите продолжува.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа