Кампања против употреба на петарди во Кисела Вода

 

Со интерактивно предавање и симулација на инцидент предизвикан од пиротехничко средство, денес , во ООУ "Кирил Пејчиновиќ", започна кампањата на МВР и Одделението за превенција при СВР Скопје, насловена „Среќна и безбедна 2015", која ќе се одвива низ училиштата во општина Кисела Вода.

Во организација на полициската станица-Кисела Вода, во соработка со општината, со Црвениот Крст и со сите општински основни училишта, на учениците стручно и практично им беше укажано на опасноста од употребата на петарди и други пиротехнички средства.

Во пресрет на новогодишните празници, кога е зачестена нивната употреба, тие беа информирани за начините на превенција и за законските прописи во контекст на  зголемување на безбедноста на граѓаните. Штетните последици, учениците, имаа можност да ги видат на лице место преку симулациската вежба, во која зедоа учество полицијата и Црвениот Крст.

Оваа кампања, која започна од општина Кисела Вода, ќе биде спроведена во сите основни и средни училишта.

Согласно статистиката, секоја година од употеба на петарди и други пиротехнички средства, во светот 150 000 лица остануваат трајни инвалиди. 80% од нив се деца, а 4 од 10 повредени деца се на возраст под 15 години.

 

 

Оцени ја веста

11.12.2014 - 15:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега