5.042 лица убиени од џихадистите минатиот месец

 

Во џихадистичките напади ширум светот минатиот месец се убиени 5.042 луѓе, што покажува дека исламистичкиот екстремизам „е посилен од било кога“ и покрај намаленото влијание на Ал Каеда.

Екстремистите во ноември извршиле 664 напади во 14 земји, се наведува во заедничкото истражување на Би-Би-Си и Меѓународниот центар за истражување на радикализмот при Кралскиот колеџ во Лондон.

Борците на групата Исламска држава (ИД) во Ирак и Сирија се одговорни за половина од овие напади, односно извршиле 308 напади во кои загинал 2.206 лица.

- Овие податоци јасно покажуваат дека џихадистите и Ал Каеда не се веќе едно исто, се додава во извештајот.

Како што е наведено, 60 отсто од нападите ги извршиле групи кои немаат официјално сојузништво со Ал Каеда, што покажува дека станува збор за „растечко амбициозно, сложено, софистицирано движење“.

Најзагрозена земја е Ирак, каде се убиени една третина од вкупниот број загинати минатиот месец, а следат Нигерија, Авганистан и Сирија.

 

 

Оцени ја веста

11.12.2014 - 14:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега