Семинар за социјализација на деца со посебни потреби
Фондацијата „Аполонија“ и македонското научно здружение за аутизам, денеска во Гевгелија го спроведоа последниот од низата семинари во рамки на проектот за целосна социјализација на децата со посебни потреби во нивните заедници од југоисточниот регион.
Според организаторите овој семинар послужи за резимирање на сите до сега стекнати знаења, вештини и способности како и оспособување за нивна примена во училиштата.
Последниот семинар во Гевгелија имаше цел да ги информира и обучи наставниците да применуваат визуелни стратегии во работата со децата со посебни потреби со опфаќање на темите за организација на просторот и времето за работа и игра како и адаптација на наставните часови според развојното ниво на децата.
Реализацијата на целиот проект, со 77.000 евра ја финансираше Европската унија преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа