Нокаут со уште еден спектакл во Универзална - првиот експресно распродаден

Една недела пред почетокот, концертот на НОКАУТ во Универзална сала закажан за 17.12.2104 е распродаден. Сакајќи да им излезе во пресрет на сите фанови кои се уште бараат билети, бендот одлучи да направи уште еден концерт веќе следната вечер, односно на 18. декември. 

Со оглед на тоа што не ни дојде до моментот кога билетите требаше да бидат 100 денари поскапи, картите за вториот концерт ќе бидат по старата цена, 400 денари блок, 500 денари партер и 600 денари ложа. 

И втората вечер гости на концертот ќе бидат Игор Џамбазов, Last Expedition, Мио од Д.Н.О и Тони Зен. 

Билетите можат да се набават во продажните места на odmorise.mk и mktickets.mk и на билетарата на Универзална сала.

 

 

Оцени ја веста

11.12.2014 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега