Оглас за вработување на нови 30 деца без родители и родителска грижа

Во рамки на програмата Д-10 нови 30 лица кои до 18 годишна возраст имале статус на деца без родители и родителска грижа ќе се вработат во државната и јавната администрација. Огласот е распишан денес и сите оние кои ги исполнуваат условите ќе можат да конкурираат на огласот во наредните 20 дена. Ќе се вработат 15 лица со високо образование и 15 лица со средно образовани.

-Поддршката на државата за овие лица е континуирана и сеопфатна, почнувајќи од периодот на детството па се до вклучувањето на пазарот и трудот и вработувањето. Обезбедувањето на лична егзистенција преку вработување и интегрирање во општествениот живот е најважен чекор за овие лица. Како министерство, го потикнуваме нивното директно вклучување на пазарот на трудот. Во оваа смисла клучен е проектот Д-10, којшто е насочен за вработување на децата без родители и родителска грижа, односни лицата кои имале таков статус до 18 години за вработување во државната и во јавната администрација,истакна министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Преку оваа програма во 2013 година се вработиле вкупно 83 лица коишто имале статус на деца без родители и родителска грижа до 18 години во јавната администрација.

За сите подетални информации заинтересираните лица ќе можат да се  обратат на страницата на Министерството за труд и социјална политика www.mtsp.gov.mk, како и на сајтот на Агенцијата за администрација.

-Министерството за труд и социјална политика, постапката за вработување ја спроведува согласно со Законот за државни службеници, и за таа цел ќе ги  извести центрите за социјална работа во Република Македонија за објавениот оглас, со цел навремено да се информираат  сите лица кои до 18 годишна возраст имале статус на деца без родители и родителска грижа, истакна Спасов.

Toj истакна дека самата постапка на вработување е докрај транспарентна и отчетна и повика во што поголем број да се поднесуваат апликации, и да се учествува и во другите мерки за вработување, а во сите нивни напори државата постојано помага и подржува.

Спасов потенцирааше  дека постојат и низа други мерки наменети за оваа категорија на лица, со кои дополнително им се нуди помош и подршка.

-После напуштањето на Домот за згрижување секое лице кое наполнило 18 години добива еднократна парична помош од 3000 евра, сума значително повисока од порано, а за да им се овозможи услови за продолжување на образованието на додипломски и постдипломски студии, министерството за труд им доделува по 24.000 денари месечна парична помош на 137 студенти, понатака доделени се 134 социјални станови, 20 се во фаза на обработка, истакна Спасов.

Тој додаде дека преку Агенцијата за вработување е реализирана  посебна мерка на субвенционирање на вработување на лица коишто имале статус на деца без родители и родителска грижа со која се вработени 34 лица и потенцираше дека и понатаму ќе продолжат со низа активности за подобрување на статусот на овие лицата.

 

 

Оцени ја веста

10.12.2014 - 12:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега