Рецепт: Новогодишни капи
· 200 гр мелени ореви
· 200 гр мелени бисквити
· 200 гр шеќер во прав
· 120 гр маргарин
· 100 гр гел прелив од шумско овошје (или некој друг со црвена боја)
· 1/2 сок од 1 лимон
· малку црвена боја
· уште, за украсување
· стопено бело чоколадо
· малку кокос
· фондан маса за белите топчиња
Од наведените состојки направете компактна смеса. Кинете топчиња колку орев одприлика, а можи и помали ако сакате, обликувајте ги конусно за да наликуваат на новогодишните капи.
Оставете ги на ладно место (не во фрижидер) за убаво да се стегнат.
Стопете го чоколадото и секоја капа макнете малку ја со широкиот дел и веднаш намакајте ја во кокос.
Од неколку локуми и шеќер во прав направете си фондан маса од која ќе обликувате ситни топчиња за врвовите на капите, но не заборавајте и нив да ги намакате предходно во кокос.
Извор: Мои рецепти
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа