Преку отвор во ѕид украл 100.000 денари - филмски грабеж во спортска обложувалница во Прилеп

Во период од 23 до 9 часот и 30 минути во Прилеп на улицата „Борка Талески“ била ограбена спортска обложувалница.

Се работи за спортската обложувалница “Бет Сити Балкан“ каде непознат сторител извршил тешка кражба, при што одзел сеф во кој имало околу 100.000 денари.

Крадецот преку соседниот објект направил отвор во ѕидот и влегол во обложувалницата.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.  

најчитано сега