Македонските граѓани повторно измамени - лажни се барањата за донации за стружанецот

Од Фондот за здравствено осигурување инфомираат дека е одобрено барањето за лекување во странство на осигуреникот А.П. од Струга. Барањата за донации за лекување во странство, кои се објавуваат на веб порталите, информираат од ФЗОМ, содржат нецелосни или неточни информации.

-Имено, предлогот за упатување на лекување во странство, односно конзилијарното мислење, од страна на Клиниката за ТОАРИЛ и е издаден на 28.05.2013 година. Првостепената и второстепената лекарска комисија за лекување во странство, која е независно тело сочинето од еминентни професори од Универзитетските клиники и брои 7 членови, донесе позитивно мислење на 07.06.2013. Лекувањето ќе се изврши во Виена, Австрија. Лекувањето би траело околу 21 ден и трошоците на лекувањето се предвидени да изнесуваат 43.750 евра, стои во соопштението на ФЗОМ.

Во врска со неточните информации кои ги објавуваа медиумите деновиве,  односно барањето за донации за средства за превоз на стружанецот, ФЗОМ информира дека и средствата за превоз во двата правци ќе бидат на товар на Фондот.

-Со ова соопштение Фондот сака да ја информира јавноста во однос на постапката за барањето за упатување за лекување во странство за лицето А.П. поради барањата за донации по социјалните мрежи и порталите, со неточни информации дека барањето за лекување во странство е одбиено од ФЗОМ, информираат од Фондот.

најчитано сега