Куманово ќе потроши 200 илјади денари за новогодишното украсување

Од Јавното претпријатие „Куманово Паркинг“, задолжено за новогодишно украсување на градот, информираат дека за украсувањето, годинава ќе бидат одвоени 200.000 денари.
 
Директорот на претпријатието,Фадиљ Шабани изјави дека и годинава ќе биде украсено централното градско подрачје, главните сообраќајници,булевари и улици.
 
- За новогодишното украсување ќе бидат употреебни украсите набавени во изминативе години.До крајот на неделава се очекува да биде поставена и новогодишната деветметарска елка на градскиот плоштад, рече Шабани.
 
И оваа година како и изминативе ќе бидат поставени светилки и украси на булеварите „Окотмвриска револуција“, „Трета МУБ“,улиците „Гоце Делчев“, „11 Октомври“, како и сообраќајниците на влезот и излезот на Куманово.Од претпријатието апелираат до граѓаните совесно да се однесуваат кон поставените новогодишни украси
 

 

Оцени ја веста

09.12.2014 - 15:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега