Ставрески: „Купи куќа, купи стан“ ги донесе каматите на историски најниско ниво

Една од големите придобивки од проектот „Купи куќа, купи стан“ е намалувањето на каматните стапки на банките.Министерот за финансии, Зоран Ставрески, посочи дека поради овој проект е дојдено до историски најмали каматни стапки на стамбените кредити од страна на банките во Македонија.

Нов саем за проектот „Купи куќа купи стан“ ќе се одржи од 20-ти до 28-ми овој месец во Рамстор-Скопје.

- На едно место повторно ќе ги собереме банките преку кои се реализира проектот, градежните компании и Министерството за финансии и ќе им овоможиме на граѓаните во една порелаксирана атмосфера да ги добијат потребните информации, да размислат за поволностите што се нудат, како и  за високиот износ на субвенции  што се нудат. Секој граѓанин може преку овој проект да добие поддршка од 9.000 до 14.000 евра, изјави министерот.

Ставрески смета дека на овој начин ќе продолжи добриот тренд што почна со првиот саем што се одржа на крајот на октомври и оти само во ноември се одобрени 50 барања. 

 

 

Оцени ја веста

09.12.2014 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа