Одличен учунок на Антиќ во триумфот на Атланта
Тимот на нашиот НБА претставник Перо Антиќ, Атланта, синоќа забележа победа против Инидјана, со 108:92, на гостински терен, по што успеа да направи скор од 14 победи и шест порази.
Македонскиот центар, на теренот играше околу 15 минути, и за тој период успеа да оствари седум поени, два скока и една асистенција. Во победничкиот тим најефикасен беше Ал Хорфорд со 25 поени, а беше следен од Џеф Тиг кој запиша 21 поен.
Во тимот на Индијана најефикасни беа Родни Стаки и Си Џеј Мајлс кои постигнаа по 15 поени.
НБА резултати:
Индијана – Атланта 92:108
Вашингтон – Бостон 133:132
Бруклин – Кливленд 88:110
Торонто – Денвер 112:107
Минесота – Голден Стејт 86:102
Сакраменто – Јута 101:92
Л.А.Клиперс – Феникс 121:120
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа