„ТЛЗП е голем залак за мене“
Познатата српска пејачка Славица Чуктераш не крие дека нејзиниот колега Бане Моичевиќ и е фаворит. Во неделата на ТЛЗП признава дека за прв пат имала огромна трема. Секси пејачката открива и дека го прати шоуто секоја недела, но дали себе може да се замисли како дел од него.
-Шоуто е сјајно и секогаш го следам. Се е одлично- учесниците, жирито, самата енергија... уживам цело време дури го гледам. Себе си во ТЛЗП не би можела да се видам бидејќи пред се тоа е голема обврска. Овде поминав само еден ден и видов колку е се тешко и бара труд. Во секој случај тоа во моментов би било преголем залак за мене, истакна Славица.
Според неа сите во најгледаното шоу на Балканот се феноменални, но сепак Бане е нејзин фаворит.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа