Хрватите пресреќни: Ги сакаме Македонците - ја чекаме Фалангата во Загреб
Загреб ќе биде еден од домаќините на четирите групи со по шест репрезентации на првенството следната година, а Хрватите во својата група како никогаш досега ја посакуваа Македонија. Не затоа што лесно би минале со нас но, како што велат, поради фактот дека тогаш Хрватска ќе ја преплават илијадници навивачи кои сигурно ќе донесат извонредна атмосфера на првенството.
„Најголема желба ми е да ја извлечеме Македонија“ - рече пред извлекувањето на паровите генералниот секретар на ХКС, Жељко Дракшиќ и веднаш објасни
„Најмногу размислувам организациски, односно финансиски. Навивачите носат заработка, а се сеќавам дека на Светското првенство во ракомет во Хрватска, Македонија ја следеа повеќе од 3.000 навивачи. Сигурно, така би било и сега. А, дополнително на сето тоа што ќе се направи убава атмосфера во градот, во салата, на натпреварите. Па, македонските навивачи би ја наполниле Арената до врв. Меѓусебниот дуел во групата би бил вистински спектакл“.
Еднакво е размислувањето и на добар дел од хрватските репрезентативци, кои токму поради атмосферата посакуваат Македонија да биде во Загреб.
Желбите им се остварија. Македонската Фаланга пристигнува во Загреб во септември.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа