Груевски: СДСМ не напаѓаат во здравството бидејќи немаат одговор каде оделе парите во нивно време

Во здравството направивме системски промени во многу делови но има уште многу да се работи, здравството е предизвик во секоај држава, дури и во најразвиените земји.

Ова го истакна премиерот Никола Груевски на денешната 15-та Годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО – ДПМНЕ, потенцирајќи дека се фокусирани на овој сегмент.

- Ние сме фокусирани на тоа и имаме голам напредок и во набавката на опрема и во системските промени и во градбите и реконструкциите на здравтсвените објекти. Досега извршивме намалување на цените на над 3.000 лекови, некаде се намалени цените и до 80 проценти, рече Груевски.

Тој додаде дека во времето на СДСМ никогаш не биле намелени лекови, напротив, само се зголемувале.

- Каде оделе тие пари од толку скапи лекови во минатото, 30 милиони евра годишно граѓаните имаат заштеда од намалувањето на цените на овие лекови, затоа го напаѓаат и Груевски и Владта и Тодоров, затоа што се соочуваат со тоа што ВМРО-ДПМНЕ го прави а тие можеле но не го правеле, напротив го правеле спротивното, посочи премиерот.

Со паралелен увоз на лекови, потенцираше Груевски, е направена заштеда 5,8 милиони евра, и со транспарентноста во набавката на инсулинот заштедени се уште 3,6 мичиони евра.

Од третниот тендер за набавка на лекови што е во тек, како што појаси тој, се очекува заштеда помеѓу 3 и 4 милиони евра.

- Вкупно околу 14 милиони евра  заштеда без притоа да се нанесе било каква штета на пацинетите или да се намали квалитетот на некој лек, напротив истите лекови со ист квалитет со заштеда од дури 14 милиони евра кои планираме да ги инвестираме во реконструкција на битолската болница, темелна реконструквија  на болницата во Прилеп и уште многу други, истакна премиерот.

 

 

 

Оцени ја веста

07.12.2014 - 19:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега