Жерновски сепак нема да се сретне со Г.Г. Стефан

Од Општина Центар информираат дека најавената средба на градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски, со Архиепископот Охридски и Македонски Г.Г. Стефан, ќе се одложи поради смртта на Владиката Кирил.

Средбата беше закажана за денеска, а новиот термин ќе биде дополнително закажан, информираат од Општината.

 

Инаку, средбата меѓу Жерновски и Г.Г. Стефан веше закажана по протестите на граѓаните пред општината, поради намерата на Жерновски, со измените на новиот ДУП, да ја стопира изградбата на црквата „Свети Константин и Елена“. На средбата, како што беше најавено, Жерновски имаше намера лично да го убедува Г.Г. Стефан дека нема намера да ја урива црквата во центар.

 

најчитано сега