Гром повреди три лица во Словенија

Три лица се повредени од кои едно потешко откако гром удри на тераса од еден ресторан во Словенија.

Од удар од гром во ресторанот во селото Ратеж кај Ново Место се повредени еден словенечки државјанин и една брачна двојка од Франција кои седеле на терасата од ресторанот.

Мажот е потешко повреден и завршил со изгореници на градниот кош и рацете.
Според зборовите на очевидците, громот удрил со таква силина така што тројцата летнале во воздух и тоа во моментот кога сакале да се преместат внатре бидејќи се наближувало големо невреме.