Потребни се поголеми средства за адаптирање на климатските промени

 

Инвестициите, потребни за заштита на населението на земјите во развој од ризици, кои се поврзани со климатските промени, можат да бидат двојно или трипати поголеми тколку досега прогнозираните, се наведува во денеска објавениот извештај на ОН во Лима.

Според новите оценки, за помош на сиромашните земји да се адаптираат на се повисоките температури би биле потребни меѓу 250 и 500 милијарди долари годишно.

Претходните оценки покажале дека на овие држави годишно би им биле потребни меѓу 70 и 100 милијарди долари, со цел да се адаптираат на климатските промени до 2050 година.

Новите прогнози за потребните средства за помош на земјите се донесени врз претпоставките дека меѓународната заедница ќе успее да го ограничи зголемувањето на температурите во светот на два степена Целциусови во споредба со температурите од прединдустриската ера.

 

 

Оцени ја веста

05.12.2014 - 19:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега