Во двоен напад во Сомалија загинаа 9 лица а 12 се повредени
Девет лица загинаа, а 12 беа повредени во двоен напад во сомалискиот град Бајдоа.
Напаѓачот влегол со автомобилот во група луѓе во центарот на градот, а потоа ги активирал експлозивите кои ги носел на себе. Непосредно потоа, друг напаѓач влегол во чајџилница и се кренал во воздух.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападите, но групата Ал Шабаб е одговорна за повеќето од самоубиствените напади во земјата.
Оцени ја веста
05.12.2014 - 19:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа