Димовски: СДСМ јавно се силат - тајно молат да не им се одземат мандатите

 

Координаторот на ВМРО ДПМНЕ Илија Димовски по однос на прашањето за мандатите на пратениците на СДСМ, денес го повтори и го потврди ставот на Претседателот на Собранието Трајко Велјановски дека одложувањето на седницата за верификација на оставките на дел од пратениците на СДСМ беше со взаемна согласност.

-          СДСМ води двојна политика. СДСМ јавно се сили, се заканува се расфрла, ги нуди своите оставки, а тајно и дискретно многу често знаат да прата порака до нас, дека не би сакале мандатите да им бидат одземени и да им бидат констатирани оставките- изјави Илија Димовски.

Илија Димовски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ смета дека најдобро за институциите е пратениците на СДСМ да си ја извршуваат својата работа онака како што сите други пратеници ја извршуваат, бидејќи ваквата состојба на јавни закани и силења од страна на СДСМ не може да трае на долг рок.

 На новинарското прашање дали пратениците од СДСМ морале да ги земаат своите плати, коррдинаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ изјави:

-          Во Македонија нема ниту еден друг човек, освен тие 31 пратеник, кој 6 месеци не доаѓа на своето работно место, а подига плата. Ако три дена човек неоправдано не се појави на своето работно место, без разлика дали е новинар, работник, дали работи во администрација или било каде, ќе си ги сноси одговорностите.

Тој истакна дека очигледно СДСМ сака со силења да им обезбеди на своите пратеници комотна состојба која за никој друг граѓанин во Република Македонија не важи. Тие луѓе се избрани се избрани од граѓаните, оние кои ги поддржуваат. Граѓаните заслужуваат пратеници за кои гласале, кај кои ќе може да тропнат на вратата, да постават прашање , да се пожалат. Од ваквата погрешна политика на СДСМ, според Илија Димовски, најголеми губитници во овој момент се токму овие граѓани кои гласале за СДСМ.

 

 

Оцени ја веста

05.12.2014 - 14:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега