ВИДЕО: Најтажната венчавка во светот- починал по само 10 часа од свадбата

 

Роуден Гоу и Лајзел Меј ја имале најемотивната венчавка во светот.

Овој настан бил исполнет со горчлива радост и голема тага, со насмевки и солзи.

Заљубениот пар планирал да стапи во брак на 8 јули, кога Роуден требало да го прослави30-тиот роденден. Но, лоши вести ги прекинале плановите за свадба. Роуден дознал дека има рак на црниот дроб со што шансите да преживее биле минимални.

 

Последната желба на Роуден била да се венча со љубовта на неговиот живот и мајката на неговата ќерка. Гледајќи дека болеста напредува и дека на Роуден не му останува многу време на овој свет, најблиските за 12 часа организирале мала свадбена свеченост. Поради влошената здравствена состојба, Роуден не можел да ја напушти болницата.

Држејќи ја за рака нивната двегодишна ќерка, Лајзел зачекорила кон Роуден кој лежел во болничка постела. Никој не можел да ги задржи солзите. „Беше како бајка која го крши срцето“ – со овие зборови братот на Роуден ја опишал церемонијата.

 

 

Младоженецот починал 10 часа по венчавката.

 

 

 

Оцени ја веста

05.12.2014 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега