Документарец за Македонците во Татковинската војна пред хрватската публика

 

Во Шибеник, Хрватска вечерва во 18:30 часот бо Градската библиотека „Јурај Шижгориќ“  ќе биде прикажан документарниот филм „Придонесот на Македонците во Татковинската војна“ (Doprinos Makedonaca u Domovinskom ratu).  Автор на документарецот е Мирјана Василева, новинар во Македонската телевизија.

Граѓанското здружение Македонско-хрватска тангента е организатор проекцијата во соработка со Хрватското новинарско друштво, огранок на Шибенско-книнската жупанија. 

 - Низ сведоштва на македонските Хрвати кои се вклучија во Татковинската војна, филмот говори за нивната улога во драматичните настани што се случија во 1990-тите години на подрачјето на Хрватска. Настанот со посебна порака го поздравија министерот за бранители Предраг Матиќ и хрватскиот амбасадор во Република Македонија, Златко Крамариќ, инаку  градоначалник на Осиек во војната, соопшти Македонско-хрватска тангента. 

Документарниот филм е снимен со поддршка на Советот за македонско национално малцинство на Град Загреб. На настанот е најавено обраќање на хрватскиот генерал Лука Џанко.

 

 

Оцени ја веста

04.12.2014 - 15:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега