Црн Голф сее страв - детенце едвај се тргнало од канџите на манијак

Црн голф сее страв во Чачак. Како што пренесуваат српските медиуми, во него се вози манијак кој напаѓа деца, поради што родителите се во паника и шок.Се започнало на 21 ноември кога засега непознати насилници се обиделе да внесат 10-годишно детенце во автомобилот, но за среќа тоа се оттргнало од нивните канџи.

Мајката на детето која е се уште е во шок, вели дека околу 20 часот таа вечер нејзините синови кои имаат осум и десет години оделе на тренинг кога до нив застанал црн голф, а од задната врата излегле насилници кои му се нафрлиле на нејзиниот постар син. За среќа, момчето било снаодливо, па успеало да се спаси и да отрча дома.

Мајката и нејзиниот сопруг уште истата вечер отишле и го пријавиле случајот во полиција. Децата биле преплашени, но успеале да забележат дека насилникот кој ги влечел е мажи и дека нема коса.

Оваа вест го вознемири Чачак. Родителите се во паника за своите деца.

 

 

 

Оцени ја веста

04.12.2014 - 15:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа