Басеску и Џоана се најавуваат како можни кандидати за прв човек на НАТО

 

Романскиот претседател Трајан Басеску и сенаторот од владејачката Социјалдемократска партија Мирчеа Џоана се можните имиња за кандидати на функцијата генерален секретар на НАТО. Мандатот на Андерс Фог Расмусен истекува во август 2014 година, а номинациите за оваа функција се прават три до четири месеци порано. 

Басеску според извори е поддржан од САД. Портпаролот на претседателот, Богдан Опраја ја демантираше оваа информација. 

Од друга страна Дејмон Мак Вилсон, заменик-претседател на Атлантскиот совет (стратешка американска групација за спроведувањее на политиките на НАТО) објави на својот профил на Твитер фотографија, на која е заедно со Џоана, кого го карактеризира како „добар кандидат за должноста генерален секретар на НАТО“. 

најчитано сега