Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ засадија дрвца
Во Македонија денес започна 14-тата по ред акција за пошумување „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“, на која се очекува да бидат засадени над пет милиони дрвца низ целата територија на Република Македонија.
Со оваа акција која се одвива под мотото „Стоп за катастрофите“ ќе се пошумуваат голите и опожарените предели низ сите општини во државата.
На оваа голема акција за пошумување се приклучија и свој придонес дадоа и пратениците од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Голем број на пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ овој неработен ден, заедно со граѓаните го искористија да засадат по неколку дрвца токму во општините од каде што доаѓаат односно од каде што се избрани.
Инаку, досега во оваа масовна акција за пошумување на различни локации покрај пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, се приклучија и засадија дрвца и претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, премиерот Никола Груевски, министрите Зоран Ставревски, Гордана јанкуловска, Миле Јанакиески, Елизабета Канческа Милевска, градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, како и огромен број на граѓани кои ја искористија оваа можност да дадат свој придонес во масовната акција за пошумување на голите и опожарените предели низ Република Македонија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа