Владата продолжува со грижата за децата без родители
Владата на Република Македонија ја продолжува силната грижа и помагањето на децата без родители. До крајот на овој месец ќе биде распишан нов оглас со кој ќе се вработат 30 лица кои до 18-годишна возраст имале статус на деца без родители и родителска грижа.
-Овие лица преку програмата Д-10 институционално се згрижуваат веќе подолг период. Досега исто така им помагавме со повеќе мерки и стануваше збор за индивидуално помагање. Сум помагал и јас како министер, па премиер, помагале други министри и директори, но сега во закон е вградено како институционално да се згрижуваат овие лица. Според Законот, оваа и сите идни влади мора да вработуваат најмалку 10 лица годишно, истакна Груевски.
Преку новиот конкурс, кој ќе биде објавен наскоро, ќе бидат вработени 30 лица без родители – 15 со средно и 15 со високо образование.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа