Груевски: Помина времето во кое СДСМ можеше да манипулира со народот
СДСМ со обвинувањата за наводно фалсификување на пасоши шири груби манипулации, истакна денес премиерот Никола Груевски.
Тој посочи дека им е сосема јасно како „Фокус“ има дојдено до идејата за овие обвинувања.
-Јас жалам што СДСМ цврсто се обидува со манипулации, монтажи и афери да дојде до власт. Нас како ВМРО-ДПМНЕ ни одговара таквото нивно однесување, но за демократијата не е добро да се има опозиција на страна. Би било подобро за државата идеите да не доаѓаат само од власта, туку од повеќе страни. Тие доаѓаат до некоја идеја од денес за утре без да ја промислат, а фокусирани се само на темна кампања и манипулација, истакна Груевски.
Со измислена афера за фалсификување пасоши, рече Груевски, СДСМ не може да ја манипулира јавноста.
-Помина времето во кое СДСМ можеше да манипулира со народот. Машината за правење на пасоши е огромна, а тие покажуваат едно мало машинче, рече Груевски.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа