Мртва си ку*во – Ја убил сопругата, а кога објавил на Фејсбук, собрал 300 лајкови

 

Козимо Панјани, 39-годишен маж од околината на Наполи, во неделата попладне со нож ја избодел до смрт неговата сопруга по расправија. Потоа, веста за неговото злосторство ја објавил на Фејсбук, каде на статусот собрал повеќе од 300 лајкови.

 

Неговата сопруга, Марија (34), починала од убодните рани во стомакот откако нејзиниот маж ја нападнал со нож за земјоделски работи. Веднаш потоа, тој на неговиот Фејсбук профил напишал: " Мртва си ку*во ", пренесуваат италијанските медиуми.

 

Над 300 луѓе го “лајкувале” овој морбиден статус, веројатно нејнаејќи што тој направил, а следниот ден била отворена и Фејсбук страница посветена на овој монструм, за како што се вели на неа, неговото злосторство никогаш да не се заборави.

 

Тој набрзо бил уапсен, а сега е во затвор каде што се соочува со обвинение за убиство.

 

Интернет полицијата е сигурна дека Козимо е сопственикот на профилот на кој се појавил тој вознемирувачки статус. Полицијата во куќата каде што живеела сопругата Марија го пронашла оружјето и потврдила дека убиствто е направено со нож кој се користи за работа на нива.

Точниот мотив за убиството се уште не е познат, но се претпоставува дека се случило по семејна расправија. Двојката била разведена, а родителите се спореле на кому ќе му припадне старетелството над седум-годишната ќерка.

Брачниот пар се развел пред една година, пишуваат италијанските медиуми, а веднаш по разводот настанале проблемите околу старателството на ќеркичката.

 

Убиецот, во мај годинава, без дозвола на мајката го зел детето во Минхен, каде што имал привремена работа. Сепак, веднаш по неговото враќање во Италија, судот привремено го доделил девојчето на мајката.

 

 

Оцени ја веста

03.12.2014 - 09:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега