Голомразица го отежнува сообраќајот во Чешка

 

 

Чешка се соочува со последиците од замрзнатиот дожд, кој претходните два дена паѓаше во поголемиот дел од земјата, што предизвика огромен застој во сообраќајот и дистрибуцијата на енергија, јави дописникот на МИА од Прага.

Најголем проблем претставува обновувањето на локалните и меѓународните железнички линии.

Поради мразот на шините и голем број паднати дрвја, Чешката железница и денеска не гарантира обновување на своите линии и ги повика граѓаните да го избегнуваат патувањето со воз. Најголем проблем има на железничките линии околу Прага во централна Чешка.

Градскиот превоз, особено со трамваи и тролејбуси е најмногу ограничен во чешкиот главен град, Брно и Оломоуц, бидејќи сообраќајот што се одвива со помош на електрична енергија е заменет со автобуски линии.

Стотина домаќинства, особено во планинските делови и натаму се без електрична енергија.

Според метеоролозите, предупредувањето од опасност од голомразица ќе трае до вечерните часови.

Денеска, во целата земја се очекува слаб снег и дожд, а температурите ќе се движат околу нулата.

 

 

Оцени ја веста

03.12.2014 - 09:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега