Фицо: Ако избие војна во Украина ќе страда и Словачка

 

 

Словачкиот премиер Роберт Фицо смета дека актуелните настани во Украина претставуваат руско-американски конфликт, во кој неединствената Европска унија не ја игра соодветната улога, јави дописникот на МИА од Прага. 

Според Фицо, постои голема веројатност дека во Украина ќе избувне воен конфликт и во тој случај би можела да страда и Словачка.

- Зборувам за директен воен конфликт. Не за конфликт меѓу Русија и Украина, туку за голем конфликт, изјави словачкиот премиер, додавајќи дека веројатноста да дојде до тоа е 70 проценти.

Најавата за тоа, тој ја добил од германски извор кој не сака да го именува.

Фицо, смета дека поради можниот воен конфликт, во Европа владее нервоза и мисли дека ЕУ треба да најде сили да одигра улога на миротворец.

Тој оцени дека за европските водечки политичари руската анексија на Крим е веќе завршена работа и никој повеќе не го отвора тоа прашање.

 

 

Оцени ја веста

03.12.2014 - 09:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега