Данска, Нов Зеланд и Финска најнекорумпирани држави во светот

 

 

 Данска, Нов Зеланд и Финска се трите држави во светот кои според класификацијата на Транспаренси интернешнал се најмалку корумпирани во светот.

На таа листа за 2014 година следуваат Шведска (со 87 поени), Норвешка и Швајцарија (86).

Во групата на најкорумпирани држави се Сомалија и Северна Кореја со по осум поени, и по нив следуваат Судан, Авганистан, Јужен Судан и Ирак.

Рејтингот на Кина е намален за четири поени и сега е 36 и покрај кампањата на Владата во Пекинг против корупцијата.

Организаицјата базирана во Берлин користи табела во која 100 „поени“ добиваа најнекорумпираните држави, а 0 - најкорумпираните. 

 

 

Оцени ја веста

03.12.2014 - 09:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега