ВИДЕО: Стивен Хокинг ќе глуми негативец во новиот „Џејмс Бонд“?

 

Стивен Хокинг изјавил дека би сакал да игра негативец во новиот филм за најпознатиот таен агент Џејмс Бонд.

-Идеална улога за мене би била улогата за негативец, а мојата количка и мојот глас би биле совршени за таа улога, објаснил Хокинг.

За научникот веќе е снимен биогравски филм „Теорија на се“, во кој е раскажан патот од неговото рано детство, преку дијагнозата на тешката болест која му е дијагностицирана кога имал само 21 година, па води низ неговите научни достигнувања.

Во филмот познатиот физичар го глуми Еди Редмејн.

Познатиот научник веќе неколку пати се има појавено во повеќе филмски и телевизиски проекти, гласот го има позајмено во „Симпсонови“, се има појавено во епизода на „Ѕвездени патеки“, како и во серијата „Бубалици“.

Погледнете го трејлерот за филмот во кој е претставен неговиот живот:

 

 

Оцени ја веста

02.12.2014 - 20:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега