Близнаци станале татковци во ист ден, во иста болница

 

Џером и Џарел Спенс знаеле дека нивните партнерки, Тиган Комптон и Франческа Еш треба да се породат во ист ден, но не верувале дека тоа навистина ќе се случи.

Џером (21) и неговата две години помлада партнерка Тиган, први станаа родители.

Во два часот наутро го добиле синот Камерон со тежина околу 3,6 килограми. Два и пол часа подоцна, Франческа Еш, девојката на Џарел, го роди Касен со тежина околу 3,2 килограми.

За да биде приказната поинтересна, децата ги породила истата бабица.

- Никогаш не сум слушнала дека вакво нешто се случило. Тоа навистина е чудо, рече бабицата, Барбара Капор.

Статистиките покажуваат дека веројатноста вакво нешто да се случи е еден спрема 150.000.

 

 

Оцени ја веста

02.12.2014 - 17:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега